вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Почина ѕвездата од филмовите за Хари Потер

Почина ѕвездата од филмовите за Хари Потер

Актерката Хелен МекКрори почина од последиците од рак со кој се бореше веќе некое време. Таа имаше само 52 години, а веста за нејзината смрт ја потврди нејзиниот сопруг, Дамјан Луис.

-Срцето ми се крши што морам да ги известам сите дека по херојската битка со ракот, почина моќната и убава жена Хелен МекКрори. Почина мирно дома, опкружена со љубовта на семејството и пријателите, напиша Луис на Твитер.

-Таа почина како што живееше – без страв. Ние сме навистина среќни што ја имавме во нашите животи, додаде тој.

Хелен МекКрори се прослави со улогите како Нарциса Малфој во филмовите за Хари Потер и Поли Греј во серијата „Peaky Blinders“. Во текот на нејзината богата кариера, таа доби пофалби и награди за нејзините улоги.

Нејзините многу колеги, пријатели и обожаватели се збогуваат со неа на социјалните мрежи, а на семејствата им беше порачано да бидат силни во овие тешки моменти.

Најнови вести