вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Клечењето забрането за време на ЛОИ во Токио

Клечењето забрането за време на ЛОИ во Токио

Меѓународниот олимписки комитет ИОК, одлучи да го забрани клечењето на Летните олимписки игри во Токио.

Спортистите ширум светот во претходните неколку месеци одлучија со клечење да укажат на расната дискриминација ширум светот.

Се почна со убиството на Џорџ Флојд од страна на полицаец во Минеаполис.Сепак, ова нема да го видиме на ЛОИ во Токио откако ИОК ја забрани оваа пракса пред мечевите.

На овој потег ИОК се одлучи по анкета спроведена меѓу спортистите од кои поголемиот дел биле против клечењето.