Михаел Видерер ќе остане претседател на Европската ракометна федерација и наредните четири години, одлучијата делегатите на ЕХФ на изборниот конгрес.Видерер доби нов мандат до 2025 година.
Драган Начевски останува со важна позиција во телата на ЕХФ, односно како прв човек на судиската комисија во рамките на Натпреварувачката комисија, што е нов мандат за него и добивање на довербата во конкуренција на Јири Конечни, Денис Рајбел и Јута Ерман-Волф, кои беа кандидати за истата позиција.
Нема промени ниту на потпретседателските позиции, каде прв потпретседател е Црногорецот Предраг Бошковиќ, додека потпретседател одговорен за финансисите останува Данецот Хенрик Ла Кур.
Божидар Ѓурковиќ останува претседател на Натпреварувачката комисија, а промена и на лидерското место во комисијата за ракомет на плажа, каде функцијата ја презема Унгарката Габриела Хорват.