вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Над 1.300 поднесени барања за субвенции за набавка на велосипеди

Над 1.300 поднесени барања за субвенции за набавка на велосипеди

До крајот на вчерашниот ден на шалтерите на Град Скопје се поднесени над 1.300 барања за субвенции за купување велосипед, што говори за голем интерес на граѓаните за добивање средства за надоместок на дел од трошоците, велат од Град Скопје.

Со овој јавен повик, Градот на граѓаните кои ќе купат велосипед од денот на објавувањето на Јавниот повик, заклучно со 31 август годинава, ќе им надомести дел од трошоците направени при купување велосипед, односно адаптиран велосипед за лица со телесна инвалидност.

Средствата што Град Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход, како и 50 проценти од вредноста на адаптираниот велосипед за лица со телесна инвалидност, но не повеќе од 90.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

За субвенционирање на граѓаните за набавка на велосипеди во буџетот на Град Скопје за 2018 година, се предвидени 10 милиони денари, од кои 9 милиони денари се предвидени за субвенции за велосипеди, додека 1 милион денари за адаптирани велосипеди за лица со телесна инвалидност.

Јавниот повик се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Целиот јавен повик граѓаните можат да ги видат на следната интернет врска – www.skopje.gov.mk/uploads/јавен повик за велосипеди.pdf 

 Правилникот за користење финансиски средства од буџетот на Град Скопје за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипеди за 2018 година граѓаните можат да ги видат тука.  

Барањето за добивање на субвенции граѓаните можат да го преземат тука.

Субвенционирањето на граѓаните за набавка на велосипеди е една од мерките на Градот Скопје за промоција на велосипедот како рекреативно и превозно средство, чие користење има многу придобивки: истото е финансиски достапно, економски исплатливо и еколошко превозно средство, придонесува за намалување на сообраќајниот метеж, како и за намалување на загаденоста на амбиентниот воздух.