среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Џафери и заби нож на демократијата: На пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не им е дозволено право на збор за интерпелацијата на Спасовски

Претседателот на собранието Талат Џафери буквално и заби нож на демократијата денеска во македонското собрание откако тој на пратениците од опозицијата не им дозволи право на збор за интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Џафери и заби нож на демократијата: На пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не им е дозволено право на збор за интерпелацијата на Спасовски

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја напушти денешната седница за интереплација на министерот Оливер Спасовски, и нема да присуствува на гласањето на интерпелацијата, а најави интерпелација за спикерот Талат Џафери.

-Денеска ќе ви дозволиме сами да си играте парламент. Продолжете да си глумите театар, но народот, јавноста ќе го осудат вашето однесување. Нема да ви биде ВМРО-ДПМНЕ, бидете спокоен министер Спасовски, ќе ве одбранат, но немате можност да слушнете што мисли опозицијата затоа што ќе ја напуштиме седницата, и ќе поднесеме интерпелација за вас г-не Џафери. Ја замолчивте опозицијата, не дозволивте да разговараме за интерпелација на министрите Љупчо Николовски и Бојан Маричиќ. Затоа сега ќе ја напуштиме седницата“, рече Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Талат Џафери му врати дека се самите виновни за двете интерпелации, и дека ќе ја дочека неговата интерпелација со задоволство.

„Основен виновник сте самите за двете интерпелации, и деловникот има процедура по која може да се вратат тие две точки. И трето, јас со задоволство ќе ја дочекам вашата интерпелација на функцијата претседател на Собранието“, рече Џафери.

Најнови вести