среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Божиновски: Во период на ваква криза потребно е стабилно мнозинство кое го нема кај нас и власта има сериозни проблеми

Божиновски: Во период на ваква криза потребно е стабилно мнозинство кое го нема кај нас и власта има сериозни проблеми

Дали ова е обид за дефокус или ќе има реални процеси како оној за Драги Рашковски, висок владин функционер, ќе треба да помине време за да видиме дали и каква завршница ќе има, од тоа ќе се знае дали имало старт на борба со корупцијата и криминалот, рече на гостувањето на телевизија 24, аналитичарот Владимир Божиновски.

Божиновски ја коментираше постапката на премиерот Зоран Заев за разрешување на првиот човек на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски бидејќи Пауновски не можел да полемизира со Заев.

-Функционер кога се назначува не значи дека треба да биде послушник, тој треба да си ја врши работата. Не може Заев така да кажа. Сега и да не го сменат штетата е направена. Кога се именува некој се гчеда неговата работа и треба да го оставите да ја врши работата, а не да му наметнувате решенија и што да прави, рече Божиновски.

Осврнувајќи се на темата, рамковни вработувања, поради која Заев рече не може Пауновски да му се спротивставува, Божиновски укажа дека во иднина не смеат да се дозволат вакви вработувања, туку само по основ на професионализам и потреба во администрацијата.

Говорејќи на темата за предвремени парламентарни избори, Божиновски рече дека кога се победува со еден пратеник разлика се надзираат проблеми.

-Дополнително тука е и корона пандемијата. Целта беше да се направи концентрациона влада за да се истурка кризата, еве тоа се надзира и во Албанија и Бугарија. Од старт власта има многу проблеми. Имаше можност за заедничка влада, ама сега е доцна, вели Божиновски.

Најнови вести