Годинава за прв пат за упис на прваче се бара потврда и од извршен офталмолошки, односно очен преглед!, реагираат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
Ова надлежните го бараат во период на епидемија со корона кога генерално бројот на прегледи се намалени. Тоа значи дека родителите се приморани кога не наоѓаат термин, да одат и да прават прегледи за нивните деца приватно.
И сето ова им се кажува на родителите кога роковите за упис во прво одделение ги „газат“.
Ова говори само за неорганизираноста како на образованиот, така и здравствениот систем, дури и за не координираност помеѓу надлежните, се вели во реакцијата на Комисијата на ВМРО-ДПМНЕ.