недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Панова: Следува „Македонска пролет“, она што го прави СДСМ ја прелеа чашата, на дното сме во регионот и Европа

Панова: Следува „Македонска пролет“, она што го прави СДСМ ја прелеа чашата, на дното сме во регионот и Европа

Ели Панова, пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ утрово во „Радио Лидер“, истакна дека конечно народот во земјава се ослободи од стравот којшто го имаше во минатиот период, но сега е повторно гласен и истакна дека aктуелните случувања во Македонија се забрзан пат кон дното на оваа власт, најави „Македонска пролет“ заради активностите на оваа власт со кои сме на дното во регионот.

-Колку побрзо издејствуваме да се тргнат од власт, толку е подобро за граѓаните на Република Македонија, вели Панова.

Таа посочи дека во минатото Македонија беше земја која беше економски лидер на Балканот, која имаше инвестиции, реформи и дигитализација на сите полиња, имаше фискални реформи, градба на автопати, патишта, училишта и градинки. Другите држави преземаа модели од Македонија.

-Сега наеднаш ние сме Македонија која е на 111-то место по корупција, прогласена за хибриден режим, истакна таа. Секојдневно стигаат нови извештаи како оној на ГРЕКО, на Стејт Департментот, во кои укажуваат на катастрофално работење на Владата. Сведочиме на скандали како „Мафија“, се злоупотребува службена положба во МВР, се вадат лажни пасоши и лични карти, работат со марихуана, рече пратеничката.

-Станавме лидер во работи на коишто никој не сака да стане лидер, вели таа.

Панова во врска со протестот за слобода на уставобранителите во неделата, наведe дека македонската пролет започна и протестите ќе продолжат.

-Оној кој што владее со сила, ќе падне од надеж, а во неделата токму тоа го видоа од власта и СДСМ, истакна Панова.

Таа додаде дека од СДСМ ја прелија чашата со сето ова што се случува. Народот почна да се охрабрува и излезе на улица, a ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период ќе има одредени активности и ќе се случува македонска пролет. Народот благовремено ќе биде известен за истото од раководството.

-Навистина, ќе се случува Македонска пролет, посочи пратеничката.

Најнови вести