вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев: Лошите кадровски политики на владата се причина за катастрофалната состојба во економијата и енергетиката

Ѓорчев: Лошите кадровски политики на владата се причина за катастрофалната состојба во економијата и енергетиката

Во емисијата Анализа на ТВ 24 Влатко Ѓорчев пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за лошите состојби во економијата и енергетскиот сектор во Република Македонија вината ја детектира во лошите политики на владата. Тој посочи дека Република Македонија има најслаби резултати во Европа од 50 земји.

– Сега ова што се прави во РЕК Битола Господ напомош, ние имаме состојба во која што секој ден на дневна основа имаме скандали во РЕК Битола. Во Осломеј се вадат тефтери каде што на список кадровската комисија на СДСМ Кичево, кој ќе биде на коп, кој ќе биде на багер кој ќе биде вработен, кој ќе биде во администрација, вели Ѓорчев за состојбите во термоцентралите на ЕЛЕМ.

Ѓорчев за одлуките и работата на владата во енергетиката смета дека не се добри.

– Абер нема од градење на Чебрен и Галиште, мислам дека состојбата во РЕК Битола допрва ќе ја удрат Македонската економија и тоа допрва ќе се случи и ќе го видиме. Ако има ренесанса во РЕК ќе го поздравиме тоа, но наше е да предупредиме и да ги укажеме овие работи, истакна Ѓорчев.

За незадоволството на граѓаните Ѓорчев вели дека се зголемува од ден во ден, ги посочува кадровските рокади и решенија, кадровски скандали на владата, на кои што реагира и самото членството на СДСМ. Реакциите не стивнуваат и од независната јавност исто така.

– Истовремено во економијата ни се случува тотален хаос. Ние во моментов со оваа влада ги имаме најслабите, најлошите резултати во Европа, ниту една од 50 земји не само Европска унија, туку ниедна од 50 земји во Европа во моментов нема полоши економски резултати, вели Ѓорчев.

Според Ѓорчев скандалозно е што во првите три месеци, изминат квартал, односно со 25% од годината поминати да има реализација од само 7,5% капитални инвестиции, тоа укажува на енормната и скандалозна некомпетентност и на владата и на луѓето кои што ги водат институциите.

Најнови вести