недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Квитова пред мечот со Барти: Веројатно земјената подлога и се допаѓа малку повеќе од мене

Квитова пред мечот со Барти: Веројатно земјената подлога и се допаѓа малку повеќе од мене

Дванаесеттиот светски рекет, Петра Квитова ги сподели своите очекувања за четвртфиналето на турнирот во Мадрид против Ешли Барти.

Резултатот на досегашните меѓусебни средби е 5:4 во нејзина корист, но на единствениот натпревар на земјена подлога, на Ролан Гарос 2012, таа освои само три гема.

– Игравме на земја, но тоа беше пред многу, многу години, така што не е важно. Таа знае како да игра на земја. Веројатно ја сака оваа подлога малку повеќе од мене. Мене пак, ми се допаѓа Мадрид. Па, којзнае? Играњето со Барти е секогаш многу тешко. Пред нас е одличен натпревар. Се радувам на утрешниот меч, изјави Квитова.

Австралиската тенисерка Барти е прва носителка на турнирот и во моментов прва на светската ранг-листа.