среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Ристески: Варош, поради историската тежина не се сака само со срце, туку и со капитални инвестиции

Ристески: Варош, поради историската тежина не се сака само со срце, туку и со капитални инвестиции

Голем и вековен празник посебно во најстарата и најпозната населба во Прилеп под легендарните Маркови Кули, каде православието, традицијата и културата на Македонскиот народ се плетела низ векови, но и опстојувала. На овој голем ден, празничната атмосфера во најстарата населба во градот е величенствена и посебна, правејќи нѐ горди на она што го имаме како наследство (многу приказни, преубави повеќевековни цркви, некогаш дури 77 на број и секако, еден од најубавите манастири во Македонија – “Св.Архангел Михаил”), пишува поранешниот градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески.

Во продолжение следува неговиот Фејсбук статус: 

Но, оваа битна населба за градот и Македонија, за жал, пред повеќе години беше една од најруинираните и најзапоставените, без канализација, соодветен водовод, асфалтирани улици, осветлување… и наместо гордост, беше срам за Прилеп и Варошани…

Поради оваа лоша слика, претходната ЛС мораше да инвестира во бројни капитални проекти со цел Варош да го добие заслужениот епитет!!

Да потсетиме на некои од нив:

за прв пат во историјата се изгради комплетна канализација во целата населба;

се промени целокупната водоводна мрежа;

за прв пат беа асфалтирани калливите Варошки улици;

се изгради амфитеатар за 1000 гледачи во средновековен стил (сега комплетно руиниран поради негрижа);

се изгради туристичка камена патека- “Крал Марко” долга 2 км која ги повразуваше: амфитеатарот, црквите со манастирот (за жал сега делумно уништена… не постои);

комплетно се реконструира манастирот “Св.Архангел Михаил” и се возобнови со нов конак;

за прв пат Варош доби комплетно ново осветлување, посебно на патеката “Крал Марко”, црквите и манастирот;

после еден век комплетно се реконструираше и основното училиште во Варош со комплетно уреден двор, ограда и игралиште за кошарка;

се изгради за прв пат детско игралиште;

комплетно се урбанизира долната населба т.н.- Козле;

се легализираа куќите на Варошани;

се одржуваа бројни културни и спортски манифестации во текот на годината кои ѝ дадоа посебна популаризација на оваа стара населба, Прилеп и Македонија…

…Или…најкратко кажано – Варош, поради историската тежина не се сака само со срце, туку и со капитални инвестиции, како што тоа го направи претходната ЛС инвестирајќи повеќе милиони евра за да се исправи децениската неправда (неурбанизираност) кон оваа стара и важна населба

П.С. Но, за жал не е само инвестирањето… многу битно беше и одржувањето, кое очигледно го нема.