Александар Зверев стана првиот Германец кој го победил Рафаел Надал на земја, откако го изненади фаворитот и го совлада со 2-0 по сетови 6-4, 6-4) на АТП турнирот во Мадрид
Рафаел Надал добро го почна мечот и имаше водство од 2-4, но Александар Зверев одговори на најдобар можен начин, ги освои следните четири гејма и го доби првиот сет со 6-4.
Во вториот сет имаше изедначена борба, клучниот момент се случи во петтиот гејм кога Александар Зверев направи брејк и го чуваше водството до крај за 6-4.
„Ова дефинитивно е една од најголемите победи во мојата кариера. Да се победи Рафа на земја, тоа е најтешкото нешто во тенисот. Тоа што го победив дома, во Шпанија, е неверојатно“ – рече Александар Зверев по крајот на мечот.