сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Митева: Реформата во образовниот систем не претставува визија, се работи за дигитализација вредна десетици милиони годишно

Митева: Реформата во образовниот систем не претставува визија, се работи за дигитализација вредна десетици милиони годишно

Реформата во образовниот систем не претставува визија, се работи за дигитализација вредна десетици милиони годишно. За да има бенефит од дигитализацијата треба да се изработат нови учебници кои покрај текст ќе содржат и видеа, анимации, интерактивни содржини, квизови, учење преку наменски игри за различни возрасти, кои покрај едукативниот карактер задолжително ќе вклучува и забавен карактер, истакна Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Сосема легитимно е прашањето како еден ваков учебник ќе биде идентичен со печатениот? Дополнително, за да се реализира еден ваков предлог експертите посочуваат дека прво мора да се распишат огласи и тендери за да се спремат тие дигитални учебници што е многу долготраен процес. Исто така, потребно е покрај авторите, секој за одредена област, да се ангажираат дизајнери и ИТ експерти. Оттука, потребно е училниците да се опремени со соодветна ИТ опрема и да се вработат ИТ експерти кои ќе даваат техничка поддршка за време на наставата, вели Митева и додава:

„Дали државата е во можност секоја година да обезбеди средства наменети за хардвер и софтвер, и дали се консултирани психолозите кои треба да дадат одговор на која возраст е добра дигитализацијата за децата. Ова е само површна анализа која и вака генерализирана јасно упатува на проект кој чини многу, чини десетици милиони годишно, па оттука можеби јасна е потребата насила и што побрзо да се донесат законските измени. Министерке, професорите, експертите и научниците кои своето образование го темелат од книгата не можете да ги манипулирате, точно знаат да проценат што се крие зад вашата ароганција и упорност“.

Најнови вести