Министерството за надворешни работи со кое раководи Бујар Османи од редовите на ДУИ се придружи на официјален Брисел во осудата на неселективните напади на палестинската организација Хамас врз Израел.
Македонското МНР го реобјави твитот на шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во кој таа го осудува однесувањето на Хамас.
-Многу сум загрижена од ситуацијата во Израел и Газа.
Јас ги осудувам неселективните напади на Хамас врз Израел.
Цивилите од сите страни мора да бидат заштитени.
Насилството мора да заврши сега”, пишува во пораката за јавноста што ја реобјави министерството што го води Османи.