сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Азербејџан почна големи воени маневри

Азербејџан почна големи воени маневри

Азербејџан почна големи воени маневри денеска во услови на ескалација на тензиите со соседна Ерменија, јави ДПА. До 15.000 војници, 300 тенкови и други воени возила учествуваат во вежбата, што ќе трае неколку дена, соопшти Министерството за одбрана во Баку.

Исто така, ќе бидат распоредени 400 различни ракетни и артилериски системи како дел од маневрите. Во Баку ги отфрлаат обвинувањата од Ерменија за кршење на граничните линии. За време на викендов, Ерменија се закани дека ќе реагира со „мерки“ доколку азербејџанските трупи не се повлечат.

Шефот на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел ги повика двете страни да се воздржат и да ја деескалираат ситуацијата.