среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Работа во субстандардни услови, зградата на Социјално како локација за снимање на хорор филм (ФОТО СТОРИЈА КУРИР)

Работа во субстандардни услови, зградата на Социјално како локација за снимање на хорор филм (ФОТО СТОРИЈА КУРИР)

ФЗОМ попознато како „Социјално“ чии раководител е Жаклина Стаменкова работи во мизерни услови.

Без средства за дезинфекција на влезот, без почитување на препораките за дистанца и со само двајца членови на обезбедувањето кое не контролира кој влегува и кој излегува од зградата функционира едно од најпосетуваните институции во Скопје.

Социјални случаи, сопственици на фирми, обични граѓани… дневно во оваа зграда влегуваат над стотина вработени, а приближно толку и работат.

Читатели на КУРИР биле сведоци на оваа грозна глетка. Тие испратија фотографии до нашата редакција, покажувајќи ни со што се соочиле кога влегле во оваа зграда.

Велат единствената работа која е исправна во таа зграда е што на самиот влез ви мерат температура, останатото можете да го видите од сликите.

Распаднати подови, канти преполни со ѓубре кое патем како што велат стоело и по една недела, никој не го чистел, столици, хартија, инвалидски колички стојат во кругот на зградата како да е депонија.

Но, најгрозните фотографии се оние од тоалетите, е тие се приказна за себе, за тоалетите во зградата никој не се грижи, вработените се доведени во ситуација кога мораат да одат во тоалет полно со фекалии, во сите тоалети хигиената е на најниско можно ниво.

Имено, оваа ситуација не е од вчера, оваа ситуација била со години, па оттука се поставува прашањето, зошто одговорните молчат?

Дали онаа која треба да се грижи за најранливите, прави субстандардни услови за своите вработени?

Фотографиите кои ги добивме од нашите читатели се навистина мизерни, а глетката делува како во таа зграда да се снима хорор филм.

Дали со ваквиот третман на вработените во ФЗОМ и нивните подрачни единици,  ја покажува неспособност на власта?

Најнови вести