По Кил, уште германски гигант испадна од ракометната Лига на шампионите. Флензбург важеше за голем фаворит во четвртфиналниот двомеч со Алборг, но данскиот шампион одново докажа дека не смее да се отпише и покрај поразот од 33-29, за првпат ќе игра на завршницата во Келн.
По големата победа на свој терен од 26-21, Алборг уште во првиот дел во Германија му стави до знаење на домаќинот дека нема да попушти, бидејќи e решен да испише клупска историја.
Кларк со седум, Јенсен со пет и Бартхолд и Кристенсен со по четири гола беа најефикасни во таборот на Алборг, додека кај Флензбург најпрецизни беа Гола и Петерсон со по девет погодоци.