Акцијата за субвенционирање при купувањето нови велосипеди што ја спроведе Општина Карпош е завршена поради исцрпување на паричните средства предвидени во општинскиот Буџет.
– Со оглед на тоа што квотата за субвенционирање е пополнета, локалната самоуправа, заклучно од денеска нема да ги зема предвид сите новопристигнати апликации, се вели во соопштението од општината.
Оттаму информираат и дека во случај да се предвидат нови средства за оваа намена, граѓаните ќе бидат навремено известени преку веб-страницата на Општината, Фејсбук профилот на Општина Карпош, како и преку пишаните медиуми.
(Миа)