вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Двоен олимписки шампион обвинет за убиство

Двоен олимписки шампион обвинет за убиство

Двојниот олимписки медалоносец во борење, Индиецот Сушил Кумар е уапсен под обвинение за убиство на свој колега, објави полицијата во Њу Делхи.

Кумар (37) заедно со уште еден маж биле притворени поради убиство, но полицијата не објави детали за убиството, освен дека олимпиецот бил вмешан во тепачка која се случила на почетокот на месецов пред стадионот Чатрасал во Делхи.

Во тепачката која се случила на 4 мај, три лица завршиле во болница, а еден од нив бил екс-јуниорски шампион во борење, кој на крајот им подлегнал на повредите.

Кумар е еден од најпознатите индиски спортисти, кој на Летните Олимписки игри во Лондон во 2012 година го освои сребрениот медар, а четири години претходно на ЛОИ во Пекинг во 2008 година беше бронзен.