Македонската машка ракометната репрезентација на 19 и 20 јуни ќе одигра две контролни средби против селекцијата на Србија, со цел новиот селектор Кире Лазаров да им даде шанса на што повеќе играчи да се наметнат во репрезентативниот дрес во пресрет на ЕП 2022 година.
Српскиот селектор Тони Џерона го објави списокот на ракометари за овој двомеч кој ќе се одигра во Ниш, на кој противникот ќе настапи без неколку стандардни ракометари.
Против Македонија ќе настапи пивотот на Нант, Драган Пешмалбек, кој неодамна доби српски пасош, а на списокот се наоѓа и голманот на Веспрем, Владими Цупара, потоа ракометарот на Пик Сегед, Богдан Радивојевиќ како и Петар Ѓорѓиќ и Лазар Кукиќ од Бенфика…