Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.05.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 218 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 123 санкции, 10 за возење без возачка дозвола, 33 прекршоци што ги чинат возачите за мотоцикли.
Изречени се седум санкции за користење мобилен телефон, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет прекршоци што ги чинат пешаците, четири за минување за затворен сигнал (црвено светло).
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.