четврток, 29. февруари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

КМФ Проект од Јосифово е нов футсал-шампион на Македонија

КМФ Проект од Јосифово е нов футсал-шампион на Македонија

Комисиите за футсал при ФФМ денеска на зелена маса ставија крај на шампионатот кој беше прекинат поради ковид кризата и одлуката на Владата да се тестираат сите играчи и службени лица.

Па според актуелната табела одлуката падна тимот на КМФ Проект да биде прогласен за шампион на Македонија во футсал. Тоа е така затоа што беа одиграни 75% од натпреварите од елитното друштво во мал фудбал кое беше прекинато на 3. кола пред крајот на сезоната.

Според оваа одлука новиот првак КМФ Проект ќе ја претставува Македонија во футсал Лигата на шампионите на Македонија. Клубот од Јосифово направи сензација во оваа сезона со тоа што беше прв во моментот кога застана натпреварувањето.