Често се поставува прашањето дали е безбедно да се пие вода од чешма, но за жал, во некои случаеви треба да се преиспита нејзината исправност. Доколку приметите било какфва промена во вкусот или мирисот, преминете на флаширана.
Ако вашата вода има вкус на метал, можно е да не е исправна за пиење.
Експертите велат дека водата не смее да има никаков вкус па секој вкус би можел да дава знак дека нешто не е во ред со водата. Меѓутоа, лабараторијата за испитување од Масечусет особено напоменуваат дека вкусот на метал или горкиот вкус е сигурен знак дека водата треба дасе тестира на различни хемикалии.
– Ако вашата вода има вкус на метал или горк вкус, постои голема веројатност дека содржи штетни супстанци, вклучувајќи лекови, пестициди и индистриски хемикалии, според ЕТР Лабараторијата.
Исто така би требало да испитате како изгледа и како мириса вашата вода.
Вкусот не е единствена работа на која треба да внимавате кога е во прашање квалитетот на водата. ЕТР Лабараторијата предлага да внимавате на заматениот изглед на водата, присутноста на талог, необичната боја и мирисот на хлор или сумпор.
– Чистата вода за пиење секогаш е бистра, без седименти, проѕирна, без мирис, а особено нема вкус, изјави Антони.
Исто така би требало да ја тестирате водата ако во вашето домаќинство некој се разболи без познат причинител.
Постар научник Крис Мајерс од компанијата „Environmental Laboratories“ од Индија кажува дека треба да ја тестирате водата секој пат кога нешто „ќе се исклучи“, било во очите, носот или устата. Исто така напомена дека доколку член од семејството изненадно се разболи, особено без причина, вреди да се тестира водата.
Постојат потенцијални долгорочни ефекти врз здравјето и од пиење контаминирана вода.
Не е само болка во стомакот за која мора да внимавате. Според Агенцијата за заштита на животната средина на САД, изложеноста на хемикалии преку вода за пиење може да резултира со различни краткорочни и долгорочни здравствени ефекти.