четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Македонија ја победи Данска со 3:0 во сетови

Македонија ја победи Данска со 3:0 во сетови

Македонската одбојкарска репрезентација одлично го отвори вториот турнир во рамките на Европската сребрена лига, вечерва во Шлагелсе со 3-0 славеше против домаќинот Данска.

Македонија и се реваншираше на Данска за поразот од Струмица од пред пет дена. Вечерва на отварањето на вториот турнир, „спартанците“ славеа со 3-0.

Избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ првиот сет го добија со тесни 25-23, но потоа го надиграа противникот во вториот сет кој го добија со 25-17. Третиот сет го имавме под контрола и го добивме со 25-21.

Со оваа победа, Македонија сега се враќа на првото место во групата со 9 бодови, еден повеќе од Данска, потоа следува Кипар со четири бодови, а Израел има три.

Одбојкарите утре се среќаваат со Израел, натпреварот е со почеток во 16 часот, додека во последното коло во недела играме против Кипар.