вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Скопје: 139 сообраќајни прекршоци, 61 за брзо возење

Скопје: 139 сообраќајни прекршоци, 61 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.05.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 139 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 61 санкција, седум за возење без возачка дозвола, два прекршока што ги чинат возачите на мотоцикли.

Изречени се шест санкции за користење мобилен телефон, 51 санкција за непрописно паркирање, две санкции за минување на црвено светло, четири санкции за некористење сигурносен појас.

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.