вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

МВР: 504 санкции за брзо возење во текот на вчерашниот ден

МВР: 504 санкции за брзо возење во текот на вчерашниот ден

Во текот на вчерашниот ден (28.05.2021) Министертвото за внатрешни работи спроведе зајакната контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 504 возачи.

Од нив, 45 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возилa се движелe со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Куманово -78, а потоа на територија на СВР Штип-75.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

Најнови вести