понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Брест го елиминираше големиот Ѓер

Брест го елиминираше големиот Ѓер

Францускиот првак Брест е финалист на фајналфор турнирот во Лигата на Шампионите што се игра во Будимпешта, по драматичниот триумф  против Ѓер. Отпорот на унгарскиот гигант беше скршен дури во пенал-рулетот, во кој Гулден го постигна решавачкиот пенал, за прво финале во Лигата на Шампионите во историјата на Брест.

Екипата на Брест Бретањ направи историски успех во полуфиналето против славниот Ѓер (25-27 по пенали) и првпат обезбеди место во финалето од Лигата на шампионите.

Грос со девет гола блесна во дресот на Брест, а кај Ѓер најефикасна беше Кристиансен која реализира еден погодок помалку.

.