недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Потврдата за вакцинацијата и ПЦР-потврдите се доволни за влез во Грција

Потврдата за вакцинацијата и ПЦР-потврдите се доволни за влез во Грција

Хартиените документи, потврдата за вакцинацијата и ПЦР-потврдите се сосема доволни за влез во Грција. Луѓе од системот „Мој термин“ работат на една варијанта, модул, тој да се надгради и тие податоци да може да се стават во апликацијата, меѓутоа граѓаните мора да знаат дека тоа не е никаков ограничувачки фактор, дека и сегашните документи што потенцијално ќе бидат скенирани во самата апликација им се сосема доволни за влез.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека тоа е само една дополнителна алатка што европските земји ја шират мрежата на институции кои даваат соодветни документи и тоа е суштината на таа апликација.

Инаку, појасни, сите наши лаборатории што се акредитирани, Министерството, во однос на вакцините, во делот на тестирањата се практично прифатени тоа е суштината на апликацијата.

Во врска со вакцините, Филипче потенцира дека сега има уште нешто помалку од 5000 вакцини кои се распределени да се даваат во новоотворените пунктови, а во сите други се прави ревакцинација.

Најнови вести