среда, 7. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Триесетина криминализирани луѓе во врвот на власта одлучуваат за судбината на 2 милиони луѓе

Мицкоски: Триесетина криминализирани луѓе во врвот на власта одлучуваат за судбината на 2 милиони луѓе

Оваа Влада ги сруши стандардите во политиката, ненормалното стана нормално, никој повеќе не очекува од Владата да решава проблеми, туку секојдневната е борба барем да не создава нови проблеми, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.

-И најважно од тоа е ако треба во кратки реченици да се опише ова четиригодишно владеење би кажал имаме четири години украден живот, украдоа четири добри години од животот на секој еден граѓанин, ги празнат џебовите на народот, но ја крадат и правдата заменувајќи ја со неправда. Четири години хибриден режим на мафијата на власт. Триесетина луѓе високо во власта одлучуваат за судбините на два милиона луѓе. Тесна клика од триесетина силно криминализирани типови ја имаат запоседнато целата држава, но и самата СДСМ, рече Мицкоски и додаде:

„Рашковски кога толку многу го брани Заев не е причината за криминалот, тоа е последицата. А, имињата како Ден Дончев, Вице, Трајче, Ковачевски, Кирацовски, Николовски и другите чувари на криминалот во судството и обвинителството се само слугите на Заев во сомнежите за криминал и украдениот живот. Тоа што се случува во СДСМ е нивна работа. Но тоа што овие неколкумина го прават со државата е наша заедничка обврска да се спротивставиме. Четири години точно, 1.461 ден одење наназад. Трговија со име, идентитет, историја, нација, светли херои, за возврат договор со Бугарија кој им дава право да не блокираат, одземена европска иднина и многу, многу криминал и неправда“.

Најнови вести