вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ристовски: Со проектот спортски денар финансиски ќе се стабилизира спортот, а за време на владата на СДСМ во спортот се продуцираа само коруптивни скандали

Ристовски: Со проектот спортски денар финансиски ќе се стабилизира спортот, а за време на владата на СДСМ во спортот се продуцираа само коруптивни скандали

Проектот спортски денар само ќе го дополниме. Еден денар од нафтени деривати оди во посебен фонд од 13 до 15 милиони евра и тој ќе се користи за промоција на млади таленти, за одржување на постоечка спортска инфраструктура, како и за нова спортска инфраструктура, рече Борко Ристовски од Комисијата за спорт, на панел дискусијата во организација на ВМРО-ДПМНЕ насловена како „4 години Заев, 4 години украден живот, доста е“.

Според него треба да се обрне внимание да се направат самоодржливи проекти.

„Сега сме сведоци дека пропаѓаат објекти и никој не ги одржува. Наша идеја е или да има минимален трошок за општината или државата, односно да одвојуваат мал процент. Спортските објекти се потребни бидејќи ова е општество во кое семејствата не може да си дозволат две деца да пратат да тренираат некој спорт, тоа со просечната плата не оди. Тоа е сериозна сума за едно семејство дури и ако чини тренингот илјада денари месечно, а имаат две деца“, рече Ристовски.

Ристовски се осврна и на директното мешање на политиката во спортот, како и корупциските скандали во кои се вклучени луѓе предложени од СДСМ.

„Се оди до таму да се влијае играчи да не бидат во репрезентација, тоа е мешање директно на политиката во спортот, инвестиции оваа влада предводена од СДСМ не направи. Се покажа дека лицата инволвирани во спортот дека  се само дел од коруптивни скандали, дополнително ќе се направи ревизија за секо основано сомневање за корупција во спортот“, заклучи Ристовски.

Лазов: Владата предводена од СДСМ катастрофално се справува со корона кризата и има нула реализација на ветени проекти

Славески: Од ветените 5% БДП секоја година добивме 0.7% за четири години и промашен даночен систем што ја зголеми сиромаштијата

Јаневска: Реформата на Царовска има цел да променат учебниците како што ќе побара Бугарија и да се потрошат 21,5 милиони евра

Јаневска: Царовска не нуди дигитализација, туку само дигитални учебници кои ќе предизвикаат дискриминација кај децата, училиштата се распаѓаат нека почне прво нив да ги средува

Лазов: Планираниот клинички центар во Србија е ист како оној во Македонија, разликата е што овој ветуван од Заев и Филипче е 4 пати поскап

Трипуновски: Владата на Зоран Заев ги заборави земјоделците и ги остави без откуп со ниски цени и неисплатени субвенции

Димитриеска Кочоска: Планот за живот на Заев ни донесе двојно поголемо иселување на младите лица од Македонија

Ристова-Димова: Наместо решенија за граѓаните со социјални ризици, Владата продуцираше дополнителни проблеми

Ивановски: Во првите три години ВМРО-ДПМНЕ автопатот Кичево-Охрид го заврши за околу 50-тина проценти, а за четири години од СДСМ има само 10-тина проценти прогрес

Димитриеска Кочоска: Владата не прави ништо за сузбивање на сивата економија, лидери сме во Европа со највисока стапка од 38% од БДП

Ристовски: Ваучерите во спортот се најголема можност за корупција на власта

 

Најнови вести