петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Повторно воспоставени летовите меѓу Германија и Русија

Повторно воспоставени летовите меѓу Германија и Русија

По вчерашниот неколкучасовен прекин, продолжија летовите меѓу Германија и Русија, јави германската авиокомпанија „Луфтханза“.

-Руските власти и дадоа одобрение на германската авиокомапнија „ Луфтханза“ во јуни да ги оддржува патничките линии кон Русија. Тоа значи дека летовите на „Луфтханза“ кон Москва и Санкт Петербург ќе бидат изведувани според планираното, изјави портпаролката на групацијата, пренесоа француските медиуми.

Генералниот директор на руската компанија „Аерофлот“, Михаил Полубојаринов, за Тасс изјави дека се е во ред и дека ги добиле сите одобренија, а претставникот на друга руска авиокомпанија „С7 ерлајнс“, исто така, кажа дека добиле одобрение за летовите.

Германија вчера попладне на кусо време го блокираше пристигнувањето на руските авиони на нејзина територија, како одговор на фактот дека Русите не и дадоа одобрение на „Луфтханза“ за летови кон Русија.

Ниту руското министерство, ниту компаниите, не ја навдоа причината за блокадата во врска со одобрувањето за летовите.

Главните европски авиокомпании ја заобиколуваат Белорусија откако авионот на „Рајанер“ пред десет дена беше пренасочен во Минск поради наводна закана со поставена бомба, а потоа беше уапсен белоруски опозиционер. Бидејќи сега се користат други коридори за летање, авиокомпаниите треба да побараат и добијат нови дозволи.

Минатата недела беа откажани два лета на „Ер Франс“ и еден од австриската компанија „Австриска ерлајнс“, филијала на „Луфтханза“, затоа што Русија не даде зелено светло за промена на трасата со цел да се заобиколи белорускиот воздушен простор.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, тогаш изјави дека откажувањата на летовите на „Ер Франс“ биле исклучиво од технички причини.