сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Четири години СДСМ на власт, четири години нула километри изградени автопатишта

ВМРО-ДПМНЕ: Четири години СДСМ на власт, четири години нула километри изградени автопатишта

Четири години СДСМ на власт, четири години нула километри изградени автопатишта. СДСМ не ги изгради ветените 600 километри автопат и експресни патишта, и исто така нема ни трага ниту од 550 километри магистрални и регионални патишта, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-За четири години власт СДСМ не успеа да проектира ниту еден пат, а да не се говори за ветените километри патишта што ги ветуваа во предизборието. Сите активности неопходни за реализација на експресниот пат Штип – Радовиш се обезбедени за време на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Уште во текот на 2015 година се обезбедени средства и е изготвен основен проект за изградба и е извршена експропријација за истиот. Воедно, тендерската документација и постапка се водени пред промената на власта, така да СДСМ на готово доби изведувач на работите. За време на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, беа обезбедени средства, изготвен проект и завршување на експропријација, како и завршена тендерска постапка и потпишан договор за изградба за патниот правец Штип – Кочани, и сите тие работи беа завршени во 2016 година, истакнуваат од партијата.

Делницата Скопје – Блаце неколку пати требаше да биде завршена.

-СДСМ дозволи на завршен проект за патниот правец Градско – Дреново – Фариш, да пропадне и да се прекине со веќе почнатата интензивна градба. 4 години Заев, 4 години украден живот. Доста е, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести