понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Борко Ристовски испрати порака до армијата навивачи на РК Вардар

Борко Ристовски испрати порака до армијата навивачи на РК Вардар

Борко Ристовски се обрати на јавноста дека морал да направи хируршка интервенција поради проблем кој го одолговлекувал веќе извесно време.

Искусниот чувар на мрежата преку видео им се обрати на фановите на Вардар и обелодени дека имал хируршка интервенција на коленото, чија крајна цел е санирање на проблемот и што подобри подготовки за новата сезона во која македонскиот првак ќе има големи амбиции со новиот тренер.

– Го користам ова видео за да соопштам дека во текот на вчерашниот ден направив хируршка интервенција на коленото. Се мина во најдобар ред поради професионалноста на доктор Настов.Се решивме на ваков чекор по крајот од сезоната за безболно да ги почнам подготовките за новата сезона, затоа што верувајте дека наредната година не чекаат чекаат повеќе натпревари и потешки моменти. Сакам да испратам порака до армијата навивачи на Вардар: Сите да бидеме обединети затоа што доаѓаат многу напори, за да го вратиме Вардар таму кадешто му е местото, а тоа е на врвот во Европа, – порача Борко.