Судечкиот совет го одби барањето на одбраната за изземање на специјалната обвинителка Катица Јанева во предметот Титаник. Според судијата Осман Шабани, ваквото барање е недозволиво.
За бранителите, оваа одлука на советот е излегување надвор од рамките на ЗКП и се признава неприкосновеност на институцијата СЈО и личноста Катица Јанева.
Адвокатот Димитар Дангов бараше од судот решението со кое се одби барањето за изземање, да и се достави на одбраната во формално правна форма со право на жалба. Но, судијата Шабани го одби барањето.