понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Дополнителни притисоци врз ВМРО-ДПМНЕ: Имотот незаконски им се држи замрзнат, а сега ќе мора да плаќаат и казна

Дополнителни притисоци врз ВМРО-ДПМНЕ: Имотот незаконски им се држи замрзнат, а сега ќе мора да плаќаат и казна

Имотот на ВМРО-ДПМНЕ е замрзнат како последица на случаите „Талир 1“ и „Талир 2“.

Митко Сандев е судија поротник и во двата случаи, а е во органите на партиите на пензионерите. Тој наполни 60 години. Повикан е од авторитетите во судот и му е наложено да остане и да не се пензионира, за да врши притисок врз ВМРО-ДПМНЕ.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, кој на суд беше во улога на овластен претставник на партијата, ги истакна барањата поткрепени со факти.

Дополнителен притисок е и високата парична казна која судот ја изрекува за правен субјект, партијата ВМРО-ДПМНЕ. Освен што имотот на партијата е замрзнат, партијата сега доби и казна која мора да ја плати, но и одлука која во ваквви околности досега не се случила.

Имено, судот продолжува со незаконито делување наложувајќи дека партијата веќе не смее да биде претставувана пред судот од овластен претставник како што тоа е случај со Арсовски, туку сега партијата мора да ја застапува адвокат.

Арсовски и партијата сакаат да се почитуваат законите бидејќи нема законски услови за продолжување на судењето со Митко Сандев.

Од друга страна,  Осман Шабани со барањето да го смени овластениот претставник на ВМРО-ДПМНЕ со адвокат на комората, наместо да го почитува законот, продолжува да ги силува законите.

-Денеска во десет часот требаше да започне рочиштето каде што политичкиот субјект ВМРО-ДПМНЕ којшто ја го претставувам е еден од обвинетите, она коешто го кажаав во судницата е барањето за престанок на мандатот на судијата поротник, господинот Митко Сандев, од две причини, прво, согласно одлуката на Уставниот суд 162/2006-0 од 2007 година предвидува дека секој судија поротник кој има навршено 60 години му престане мандатот на делување во постапките. Втората работа за која за жал не ми беше дозволено во судницата до крај да ја кажам, а тоа е изземање на овој судија поротник, причината веќе е јасна можевте да видите и на дел од медиумите кои објавија, а тоа дека господинот Митко Сандев е член на тело на политичка партија, така да доведува до тоа дека тој може да делува со одредена пристрасност. Тоа во законот за кривична постапка е предвидено во Член 33 практично е причина за изземање, една од причините е судија поротник кој може да биде иземен од вршење на судска должност покрај причините наведени во ставот 1 од овој член, ако постојат околности кои предизвикуваат сомневање во негова пристрасност, рече тој.

Но, наспроти законите кои ги цитираше Арсовски, очигледно е дека судот одлучува да продолжи да постапува противзаконски.

-Очигледно е дека Иван Џолев ги слуша наредбите на Зоран Заев да се врши сè уште притисок врз ВМРО-ДПМНЕ преку овие судења, а главниот притисок е што во моментов заради овој случај е замрзнат имотот на партијата. Како што знаете, следуваат локални избори, на кои на Заев му е важно ВМРО-ДПМНЕ да биде со врзани раце во однос на ресурсите. Затоа сметаме дека главниот виновник кој што не го почитува законот е Иван Џолев кој е претседател на Основниот суд и тоа е една од причините што најверојатно сака да прикаже некоја колаборација со власта дека за одредено време треба да има нов оглас за реизбор на претседател на судот и претпоставуваме дека тој најверојатно сака да одработи за да биде повторно реизбран. Но, како што рековме ова не се политички игри, ова е многу посериозно и посилно од замислите на Иван Џолев и Зоран Заев и треба да се почитува законот. Ние како политичка партија, јас како нејзин претставник го испочитувавме законот до крај, ги испочитувавме судиите кои што го водат оваа судење, влеговме во салата, присуствувавме и побаравме да биде прекинато рочиштето, но и целата постапка се до моментот додека не се замени судијата поротник Митко Сандев. Но, очигледно не бевме послушани. Така што уште еднаш апелираме до Иван Џолев да ја поведе таа иницијатива за престанок на мандатот до Републичкиот судски совет за Митко Сандев од едноставна причина затоа што може да одговара за непостапување, затоа што тоа е законска обврска која што треба да ја направи, а за жал свесно го втурнува и Митко Сандев во кривично дело со тоа што не го почитува законот, истакна Арсовски.

 

Најнови вести