Сопругата на мексиканскиoт наркобос Хоакин Ел Чапо Гузман, 31-годишната Ема Корнел Аиспуро, се изјасни за виновна по голем број обвиненија, вклучително и за трговија со дрога.
Пред судот во Вашингтон, таа призна дека му помогнала на Гузман да го води наркокартелот Синалоа и да избега од затвор во 2015 година.
Може да добие доживотна казна затвор и парична казна до десет милиони долари.
Шеесет и тригодишниот Гузман во моментов издржува доживотна казна затвор во Колорадо за трговија со дрога и перење пари.
Картелот Синалоа бил најголемиот снабдувач на дрога во САД.