недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Палмарсон се враќа за финалето, Барса со сите сили против сензацијата Алборг

Палмарсон се враќа за финалето, Барса со сите сили против сензацијата Алборг

Фаворизираната Барселона нема ниту еден пораз оваа сезона, а денес ќе игра финале во Лигата на шампионите против Алборг.

Во обидот да стигне до нова титула, десетта во својата историја, каталонскиот тим ќе има екстра засилување. Ростерот на Чави Пасквал ќе биде посилен за исландскиот интернационалец Арон Палмарсон.

Поради мали проблеми 30-годишникот го пропушти вчерашното полуфинале против Нант, кој заврши со рутински триумф на неговиот тим.

Нема сомнеж дека Каталонците се големи фаворити за трофејот. Меѓутоа поради начинот на кој што данскиот првак игра против гигантите оваа сезона, нема да биде изненадување ако титулата заврши во негови раце.

Финалето во „Ланксес Арена“ е закажано во 18:00 часот.