Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер со победа тргна на АТП турнирот во Хале, Германија откако во првата рунда го доби Илија Ивашка со 2-0.
Квалифкантот од Белорусија „скапо си ја продаде кожата“, во првиот сет стигна до тај-брејк и го загуби со 7-4 (7-6), додека во вториот пак стигна да игра 12 гема и Федерер победи со 7-5.
Федерер во четвртфиналето може да налета на првиот носител Данил Медведев. Турнирот во Германија ќе биде вистински тест за можностите на Федерер пред настапот на престижниот турнир на „островот“