Васко Шеваљевиќ по поминати неколку месеци во машкиот ракометен шампион Вардар, црногорскиот репрезентативец дојде како засилување за бековската линија, но по доаѓањето на новиот тренер Веселин Вујовиќ му беше ставено до знаење дека неговите услуги веќе не се потребни во таборот на „црвено-црните“.
Шеваљевиќ најде клуб и ги договори условите со францускиот Саран. Станува збор за клуб кој обезбеди промоција во елитното друштво.