петок, 19. април 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Од 20 јуни Скопје домаќин на меѓународен детски тениски турнир

Од 20 јуни Скопје домаќин на меѓународен детски тениски турнир

Од 20 до 25 јуни во Скопје ќе се одржи меѓународниот детски тениски турнир „Cherry Cup Skopje“ кој е сличен на турнирите што се организираат во Белград Умаг и Дубровник.

Турнирот се организира по трет пат, а на него ќе учествуваат деца на возраст од 5 до 14 години кои ќе се натпреваруваат во седум категории. Во категоријата црвен тенис ќе учествуваат тенисери родени во 2013 година, во зелен и портокалов тенис ќе се натпреваруваат тенисери родени во 2011 година, а У11, У12 и У13 турнирите се наменети за тенисерите родени 2008, 2009 и 2010 година. Турнирот У14 е наменет за тенисери родени 2007 година.

Освен во турнирот за црвен тенис, во сите останати, ќе се одржат сингл и дубл натпревари.

Натпреварите ќе се играат во АТК премиум клубот во Скопје, а победниците и учесниците ќе добијат вредни награди.

Од 16 до 19 јуни, за оние кои ќе пристигнат пред официјалниот почеток на натпреварите организирана е подготвителна програма која опфаќа тренинзи, рекреативен дел, запознавање со Скопје и многу дружење. Планирано е да се одржат и образовни работилници за децата тенисери кои опфаќаат теми вон спортот.

„Cherry Cup Skopje 2021“ е дел од спортско-едукативниот хаб во регионот – Cherry sport. Целта е да се подигне статусот на детскиот тенис и да им се помогне на најмладите уште од најрана возраст да се вклучат во светските спортски движења.