вторник, 30. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

„СДСМ не може да ја смени реалноста дека се криминална партија и бранители на криминалот“

„СДСМ не може да ја смени реалноста дека се криминална партија и бранители на криминалот“

СДСМ не може да ја смени реалноста дека се криминална партија, и бранители на криминалот. СДСМ е криминална партија, чиј претседател е аболициран за криминал, кој јавно беше посочен дека кај него и брат му завршиле рекетираните милиони и дека фамозниот Вице рекетира фирми низ државата, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ не можат да ја сменат реалноста дека се на 111 место на Транспаренси, и дека тоа е само нивна вина. СДСМ го зароби судството и администрацијата. Целиот државен апарат е ставен во функција на криминалот. СДСМ ја подели државата. СДСМ направи во Македонија да има граѓани од прв и втор ред, стои во партиската реакција и се додава:

„Граѓани од прв ред се кликата на власт, и тесен круг на луѓе околу нив, кои добиваат тендери, завршуваат експресно работа во институциите, се вакцинираат преку ред, и наместо истрага и притворски затвор кога се фатени во криминал или остануваат на слобода или се во домашен притвор. Граѓани од втор ред се сите кои се измачувани од оваа власт, сите рекетирани, репресирани и измачувани, сите кои чекаат на шалтер додека луѓето од власта поминуваат, сите кои се разболуваат додека други се вакцинираа преку ред, сите кои се згазени од оваа власт. Македонија мора да биде земја на сите. Поделби не смее да има. Да ставиме крај на поделбите на СДСМ и Заев, на граѓани од прв и граѓани од втор ред. Македонија за сите луѓе“.

Најнови вести