Како последица на обилниот дожд попладнево што попладнево го зафати Кавадарци, поплавени се неколку објекти во градот, потврдија за МИА од Територијалната противпожарна екипа и Јавното претпријатие ,,Комуналец”.
Оттаму нагласија дека нивни екипи се на терен и со пумпи се црпи надојдената вода.
Инаку од УХМР велат дека денес и во следните денови во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Денес процесите на места ќе бидат поинтензивни во планинските подрачја.