среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Ристески: Ако ја доградевте започнатата фабрика за отпад, Прилеп ниту депонија ќе имаше, ниту ќе смрдеше и чадеше – не ве бива!

Ристески: Ако ја доградевте започнатата фабрика за отпад, Прилеп ниту депонија ќе имаше, ниту ќе смрдеше и чадеше – не ве бива!

Ако ја доградевте започнатата фабрика за отпад, Прилеп ниту депонија ќе имаше, ниту ќе смрдеше и чадеше – не ве бива!, реагира преку својата Фејсбук страница поранешниот градоначалник на општина Прилеп Марјан Ристески.

-Тажни слики на запалена депонија го обвија Прилеп во смрдеа и чад овие 10- ина дена, со што не потсетија на едно минато време од пред 20 години кога депонијата секојдневно гореше…

Во времето на претходната Локална самоуправа на чело со ВМРО ДПМНЕ, не само што беше решен овој децениски проблем на запалената депонија, туку истата таа беше комплетно средена со селектиран отпад во неа, редовно посипен со земја и важеше за една од најсредените депонии во Македонија и пошироко…

▪️Во домаќинствата низ градот и на јавните површини беа поделени повеќе од 20.000 корпи за отпадоци и контенјери за селекција на отпадот;

▪️Се набави машина за селекција на отпадот;
▪️Се изгради 90% затворена хала (фабрика) за инсталирање на машината за преработка на отпадот во неа…

-Со ова требаше да се селектира и преработува отпадот, што ќе донесеше профит на претпријатието, нови работни места и пред сè чиста животна средина и нулта отпад во депонијата и регионот!

Но, од причини “разбирливи” само за актуелната власт, ниту се дозаврши фабриката, ниту се среди депонијата, ниту пак се реализира најавената “еколошка фабрика” која остана само една попуста предизборна лага на СДСМ‼

Прилеп со оваа Власт стана несреден град, затрупан во ѓубре, смрдеа и чад овие четири години …

За нив важи познатата:

И СОЛ ЌЕ ИЗЕДАМ, АМА НЕ ПРИЗНАВАМ!!

е па затоа казна ЧЕ следува…, вели во својата објава Ристески.