недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

ВИДЕО: Дрита Ислами постави нов македонски рекорд на 400 метри со пречки

ВИДЕО: Дрита Ислами постави нов македонски рекорд на 400 метри со пречки

Најдобрата македонска атлетичарка, Дрита Ислами имаше фантастична трка на 400 метри со пречки на Екипното првенство во Европа – трета лига.

Имено, Ислами победи на трката од 400 метри и постави нов државен рекорд со 57.53 секунди, односно таа всушност го сруши својот сопствен рекорд, бидејќи пред дваесет дена таа истрча 58.66 секунди.

Инаку, Европско екипно првенство се одржува во Лимасол на Кипар.