петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Владата закажа седница во 13 часот

Владата закажа седница во 13 часот

Владата денеска во 13 часот ќе ја одржи редовната 81-ва седница, на која според дневниот ред ќе бидат разгледани повеќе точки од владината програма за работа и од интерес на граѓаните.

Според Дневниот ред, на денешната седница ќе се разгледуваат повеќе информации за проекти за унапредување на младинските политики меѓу кои Информацијата за Проектот „Дигитализирање на европската младинска картичка“, Информацијата за степенот на реализација на Законот за младинско учество и младински политики, како и Информацијата за формирање на Совет за млади и спорт, предложени од Агенцијата за млади и спорт, информираат од Владата.

Пред министрите на разгледување, на денешната редовна седница, на предлог на Министерството за труд и социјална политика ќе се најде и Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2021 година, поднесена од Министерството за труд и социјална политика.

Најнови вести