четврток, 18. април 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ѓоковиќ донесе конечна одлука, ќе настапи на ОИ во Токио

Ѓоковиќ донесе конечна одлука, ќе настапи на ОИ во Токио

Изјавата на поранешниот шпански тенисер, Алек Кореча дека нема да биде изненадување доколку Нова Ѓоковиќ одлучи да не настапи на Олимписките игри во Токио за да би се фокусирал на освојување на сите четири грен слем турнири во една година, ги загрижи фановите на најдобриот светски тенисер.

Но, денеска пристигна потврда дека Новак Ѓоковиќ ќе атакува на златниот медал на Олимписките игри и тоа од Тениската федерација на Србија која го објави списокот на тенисери кои ќе настапат во Токио.

– Новак уште еднаш потврди дека сака да настапи на Олимпијата и ние на списокот кој го испративме во Олимпискиот комитет на Србија го вметнавме и неговото име – објавија од Тениската федерација на Србија.

Покрај Ѓоковиќ, боите на Србија на Игрите во Токио ќе ги брани само уште Миомир Кецмановиќ, додека настапот го откажаа Душан Лајовиќ, Филип Крајиновиќ и Ласло Ѓере.