петок, 12. јануари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Македонија забележа убедлива победа и против Андора во Дејвис Купот

Македонија забележа убедлива победа и против Андора во Дејвис Купот

Maкедонската тениска репрезентација забележа уште еден успех на четвртата група од Дејвис Купот, откако по триумфот над Косово од 2-0, денес со убедливи 3-0 беше поуспешна од селекцијата на Андора.

Првиот бод на нашиот национален тим и го донесе Калин Ивановски кој со идентични 6-2 во двата сета славеше против Демијен Желаберт.

Во вториот меч одличен беше Горазд Србљак, дозволувајќи му на Червос Нгер да освои само еден гем (6-0 и 6-1), додека во двојки Марковски и Мицов 6-1 и 6-1 славеа над Трилја и Желаберт.

Во првото коло на турнирот кој се игра на трените на ТК Југ во Скопје, Македонија беше убедлива против Косово, а во последното коло ќе се сретне со селекцијата на Сан Марино.