Во гостувањето во емисијата „Алфаскоп“ поранешниот шеф на внатрешната контрола во МВР, Воислав Зафировски вели дека е шок, срамен и скандалозен потег за најголемиот број на луѓе кои се во безбедносните структри и кои целиот свој живот го посветиле на полицијата, е назначувањето на Џезаир Хоџа за советник за безбедност на премиерот Зоран Заев.
Зафировски потенцира дека овој човек е ставен на црната листа на САД, но исто така е баран со меѓународна потерница од македонската полицијата, како и од српската полицијата.
-Мислам дека тие луѓе кои го обезбедуваат премиерот се постручни и поупатени отколку Џезаир Шаќири. Тој самиот вели дека 10 години се криел во планините бегајќи од полицијата. Образложението на премиерот беше понижувачко, срамно зошто ако веќе се сожалил на неговата имотна состојба можел да го вработи во неговите фирми или да го вработи во некое друго претпријатие рече Зафировски.
Џезаир Хоџа, според Зафировски, треба да биде предмет на обработка на безбедносните структури од безбедносниот систем. Ако веќе Хоџа знае такви информации за радикални структри тие треба да го седнат и да видат што знае, а не да го советува премиерот, дециден е Зафировски.
-Дали има нешто што јавноста не знае во смисла на некаков безбедносен проблем да имаме туѓа војска или некоја паравоена формација на делови од пограничниот појас во Република Македонија кој не е под контрола на легитимните власти. Ова прашање ме прави да е чуствувам несигурен и прави да се сомневам дека позадината на ваквиот потег е поинаква од онаа што јавно се декларира, посочи Зафировски.
Во однос на безбедносниот сертификат логично е советник за безбедност да поседува безбедносен сертификат посебно за радикални структури за кои ќе биде консултиран. Според Зафировски, Хоџа по редот на нештата мора да побара и да добие безбедносен сертификат по што ќе му бидат достапни податоците со кои располагаат безбедносните структури и тоа во овој случај ќе биде катастрофа.