Вчера во српските медиуми како бомба одекна веста дека пејачот Дарко Лазиќ има нова девојка, колешката Барбара Бобак.
Имено двајцата веќе некое време се во врска и цело време се трудеа да го сокријат тоа од поширокиот круг на луѓе.
Барбара наводно е голем фан на Аца Лукас,што сведочат и фотографиите од настапите на пејачот кои ги посетувала.
-Со години говори дека желба и е да се приближи на Аца Лукас, но неодамна станала блиска со неговиот колега Дарко Лазиќ, по што прераснала љубовна романса, а Дарко не знае дека таа го сака Лукас, вели извор близок до парот.
Инаку се огласи и неговата поранешна свршеничка Марина Гагиќ со кого Лазиќ има дете, заклучувајќи дека личи на неа.
-Тој е слободен човек, може да прави што сака. Слушнав и дека има девојка која личи на мене, но мене тоа не ме интересира. Тој одамна не ме интересира и немојте повеќе да ме барате поради него, изјави Гагиќ.