вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Милевски: Петровска во Битола за 4 години има реализација нула

Милевски:  Петровска во Битола за 4 години има реализација нула

Петровска и СДСМ пред 4 години ветуваа живот и напредок. Тоа што го ветија остана мртво слово на хартија. Затоа сега Петровска се обидува со обична шминка, две клупи, закрпени улици или жардињера да ја покрие својата неспособност да го направи тоа кое што го ветуваше, а ветуваше кули и градови, истакна на денешната прес-конференција во „Коментар на денот“ Пеце Милевски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола.

Во продолжение интегрален текст и видео од прес конференцијата на Милевски:

СДСМ синоним за НЕРАБОТА И НЕСПОСБНОСТ, во Битола го гледаме во прво лице преку вас госпоѓо Наташа Петровска.

Еве што и ветивте на Битола :

Енерегетска ефикасност во училиштата. Да, реализирана само во две-три, од 12 основни и 7 средни училишта?

Зголемени капацитети на градинките. Тешко на родителите секојдневно што мака мачат да најдат некој да им ги чува дечињата ?

За пензионерите ветивте нови старечки домови …

Каде е гасификацијата – не ви е ни во план, а камоли да ја почнете,

Каде се велосипедските патеки?

Каде е новата спортска сала??

Каде е затворениот базен??

Каде е пречистителната станица?

Пресови ни правевте за партиски вработувања, а непотизмот ви стана заштитен знак.

Град на спортот? Фудбалерите плата за април немаат земено …

И ќе продолжам со набројување но, на битолчани им е доста од вас и вашите празни ветувања.

Ние како ВМРО ДПМНЕ во идниот 4 годишен мандат на новиот градоначалник ќе ги довршиме улиците што вие предизборно само ги раскопавте и ќе ги санираме сите ваши грешни проекти, за потоа да се фатиме со сериозна работа со вистинските капитални и инфраструктурни проекти, кои за жал доцнат цели 4 години во Битола.

Конкретни проекти, со рокови за нивна реализација, со програма која ја работиме заедно, во сојузништво со битолчани, секојдневно забележувајќи ги нивните проблеми и барајќи сериозни решенија.

Наташа Петровска, вие како професорка по математика барем би требало толку да знаете, дека математиката е многу прецизна наука, односно многу проста е задачата, кога резултатот е НУЛА.

Тука нема што да се додава, што да се одзема, да се множи или дели, кога на крајот имаш НУЛА.

Целиот ваш мандат е НУЛА!, заклучи Милевски.

Најнови вести